Skip to main content

НАПРАВИ ТВОЈ ЧАСОВНИК со вода, песок, сол...

ДАЛИ СИ СЕ ОБИДЕЛ ДА НАПРАВИШ ЧАСОВНИК со ВОДА? 

Ајде да се обидеме:

НАЈПРВИН ПОГЛЕДНИ КАКО ИЗГЛЕДАЛЕ ЧАСОВНИЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА. Можеби ќе добиеш супер идеја, подобра од нашата:

Вака изгледал ЧАСОВНИКОТ НА ВОДА во далечното минато:

A нашиот може да изгледа вака:

Штом ставиме една количина на вода и отвориме малечок отвор, мериме за колку вкупно време водата ќе премине во другата пресечена половина од шишето. 

Ако сакаме, во меѓувреме ја обележуваме секоја измината минута, или бележиме на секои 5 минути, со маркер врз пластиката (за обележување мериме со стоперица) Потоа ќе знаеме, колку време поминува, гледано според овој наш часовник. 

А погледни го и ова. За да вежбаме брзина на читање, ние со дечињата си правевме часовници со сеана песок, некој се обиде со сол, а имавме и такви со ориз:

Штом еднаш ќе запишевме за колку време истекува еден наш ваков часовник, ние потоа знаевме со колку негови завртувања сме изиграле некоја игра, или сме прочитале текст, па ги собиравме минутите и пресметувавме реално време.


АЈДЕ ДА ПРВИМЕ СОНЧЕВИ ЧАСОВНИЦИ. На ливада или на плажа... ова е нешто што треба да се проба.

 Како?

- Со цртање на асфалт. Потоа ти можеш да застанеш исправен во средината и да бидеш сказалка.

- Можеш и во трева. Со играчки, предмети или камења обележеи ги часовите. 

- Можеш како нас, со цртање во песок, обележување часови со камчиња или школки и едно стапче во средината кое ќе покажува точно време. Штом го нацрташ, погледни колку е  часот на вистински часовник, забележи каде паѓа сенката, забележи ги часовите. Потоа во текот на денот лесно ќе можеш да проценуваш колку е часот гледајќи во твојот сончев часовник.


КРЕАТИВНОСТА НЕМА ГРАНИЦИ И СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КРЕАТИВЕН НА СВОЈ НАЧИН.

Обиди се и ти доколку ти се гледа интересно.


Comments

Popular posts from this blog

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму  Собери мазни камчиња на кои може да се црта и пишува. 1. На секое камче, oд едната страна нацртај знак, а од другата страна на камчето напиши збор поврзан со знакот: Пример: куќа (дом) две деца (другари), дрво (грижа за природата), овошен плод (храна), сонце(прошетка) капка (вода), 4лица(семејство) ѕвонче(училиште)... Продолжи понатаму. Можеш да пишуваш со тенки фломастери. Ако имаш ацентонски тоа ќе биде одлично, но ако работиш со обични, потоа премачкај ги камчињата со безбоен лак за нокти, за сликата да остане трајна. 2. УКРАСИ ТЕГЛА ЗА ЧУВАЊЕ НА КАМЧИЊАТА. Украси ја со пластелин и изненадувањето е подготвено. 3. Потоа извлечи едно камче со мижење и кажи мисла која заполнува со зборовите „СРЕЌА Е...“ А ПОТОА ПРОДОЛЖИ ЈА РЕЧЕНИЦАТА ДА ОДГОВАРА СО ИЗВЛЕЧЕНАТА ТЕМА. Пример, ако извлечеш камче 4лица(семејство), можеш да кажеш „СРЕЌА Е (ДА) (КОГА) ГЛЕДАМ ФИЛМ СО МОЕТО СЕМЕЈСТВО И (да) ЈАДЕМЕ ПУКАНИЧКИ...“  Потоа извлечи го с...

Ајде да си играме со МОВ

Ајде да си играме со МОВ Дали знаеш дека мовта е како патоказ?  Им помогнала на многу луѓе кои се изгубиле во природа, а немале компас за да утврдат на која страна треба да се движат. Мов расте на северната страна на стеблата и така знаеме каде е СЕВЕР, а потоа лесно ги утврдуваме другите страни на светот. Сака влага и често се наоѓа околу реките, потоците, но и далеку од нив. Ми изгледа на меко, мазно теписонче.  Ако си внимателен и стрплив можеш да извадиш парченце од ова супер „теписонче“ и да го пресадиш во твоја декорација  каде ќе продолжи да живее со твоја помош.  А уште и ако направиш комбинација со камчиња и други тревки... ќе имаш вакво супер украсче. Па дури и уметничка слика Ние тоа си го правевме во пластични садови, но и тегличките се супер за вакви идеи Немој да заборавиш да направиш неколку фотографии за спомен. - Доколку сакаш да ја запомнеш оваа игра и да се обидеш да ја изиграш, земи една од КОФИЧКИТЕ и повлечи ја врз полето.  - Во спротивно,...

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ. Eве како: Потребни материјали: хамер/картон или друга хартија, фломастер за цртање контури, кутија за природен материјал. 1. ПОДГОТОВКА НА ТВОЈОТ СКРИШЕН ПРЕДИЗВИК за другите: - Собери камчиња,  дрвца, деланки од дрва, ливчиња... со различна големина и форма. - Земи поголем лист хартија или картон. Смисли каква слика можеш да направиш со комбинација на природните материјали.  - Секој поставен природен материјал исцртај го ПО ЛИНИИТЕ како сенка . - Кога сметаш дека сликата од сенки е подготвена, тргни ги природните материјали од листот и стави ги во кутија.  2. Сега твојот предивик е подготвен за игра: Повикај другарче, покажи му го цртежот со сенки и кутијата со материјали. Ако и тој подготвил предизвик за тебе, можете да се замените и да си договорите одредени минути за завршување на предизвиците. Така секој ќе има нова супер задача: Да го најде местото на сите материјали, според сенките кои се нацртани на листот, да ги стави на со...