Ајде да си играме со МОВ

Дали знаеш дека мовта е како патоказ? Им помогнала на многу луѓе кои се изгубиле во природа, а немале компас за да утврдат на која страна треба да се движат. Мов расте на северната страна на стеблата и така знаеме каде е СЕВЕР, а потоа лесно ги утврдуваме другите страни на светот.

Сака влага и често се наоѓа околу реките, потоците, но и далеку од нив. Ми изгледа на меко, мазно теписонче.
Ако си внимателен и стрплив можеш да извадиш парченце од ова супер „теписонче“ и да го пресадиш во твоја декорација каде ќе продолжи да живее со твоја помош. А уште и ако направиш комбинација со камчиња и други тревки... ќе имаш вакво супер украсче.
Па дури и уметничка слика

Ние тоа си го правевме во пластични садови, но и тегличките се супер за вакви идеи




Немој да заборавиш да направиш неколку фотографии за спомен.
- Доколку сакаш да ја запомнеш оваа игра и да се обидеш да ја изиграш, земи една од КОФИЧКИТЕ и повлечи ја врз полето.
- Во спротивно, земи едно од КАМЧИЊАТА, повлечи го врз полето и така ќе знаеш дека оваа игра не ти оставила добар впечаток.
Не си сигурен што да првиш?
Тогаш не мора ништо да правиш, ќе одлучиш подоцна.
Comments
Post a Comment