ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму 
Собери мазни камчиња на кои може да се црта и пишува.
1. На секое камче, oд едната страна нацртај знак, а од другата страна на камчето напиши збор поврзан со знакот:
Пример: куќа (дом) две деца (другари), дрво (грижа за природата), овошен плод (храна), сонце(прошетка) капка (вода), 4лица(семејство) ѕвонче(училиште)... Продолжи понатаму. Можеш да пишуваш со тенки фломастери. Ако имаш ацентонски тоа ќе биде одлично, но ако работиш со обични, потоа премачкај ги камчињата со безбоен лак за нокти, за сликата да остане трајна.

2. УКРАСИ ТЕГЛА ЗА ЧУВАЊЕ НА КАМЧИЊАТА. Украси ја со пластелин и изненадувањето е подготвено.

3. Потоа извлечи едно камче со мижење и кажи мисла која заполнува со зборовите „СРЕЌА Е...“ А ПОТОА ПРОДОЛЖИ ЈА РЕЧЕНИЦАТА ДА ОДГОВАРА СО ИЗВЛЕЧЕНАТА ТЕМА. Пример, ако извлечеш камче 4лица(семејство), можеш да кажеш „СРЕЌА Е (ДА) (КОГА) ГЛЕДАМ ФИЛМ СО МОЕТО СЕМЕЈСТВО И (да) ЈАДЕМЕ ПУКАНИЧКИ...“

Потоа извлечи го следното камче и така по ред.
Подготви еден ваков подарок за среќа за некој што ти е драг и објасни му како се игра.
Замоли го и тој да направи барем еден ваков сет и да го подари неколку за оваа среќа да продолжи да кружи понатаму. Зошто?

Сите се среќни штом имаат прилика да се потсетат што се може да ги прави среќни, нив и околината околу нив.
Comments
Post a Comment