Знаете што е тоа ДОЈУРАН ? Тое е паричка што јас ја измислив денес, а ја именував по едно од старите имиња на градот Дојран. Замислете колку би било интересно кога градот би имал банкноти и монети ДОЈУРАНИ, поделени на жителите и би ги заменувале за вистински пари, а со нив туристите би можеле да се купуваат неколку локални услуги, или производи. Еве на пример, за почеток можат да служат за ваква игра, а ќе бидат и супер спомен-сувенир. Не е важно на кое место летуваш. Смисли паричка за тоа место, направи неколку монети од картонче и играј со нив супер игра: Направете торта од кал со калап или кофичка, онака како што прават дечињата. Секој од играчите го стиснува ДОЈУРАНОТ во дланка и си смислува желба. ДОЈУРАНОТ го оставате најгоре, на средината, врз тортата од кал. Сите, еден по еден треба да пресекувате (со трската) парче од тортата, но да внимавате паричката да не падне. Ако тортата падне додека пресекуваш, испаѓаш од игра, а останатите повторно прават торта и продложуваат. ДОЈУРА...
40 АКТИВНОСТИ ЗА АКТИВЕН ОДМОР И СУПЕР СЕМЕЕН ИЗЛЕТ
Слободни активости за супер истражувачи и супер креативци