Знаете што е тоа ДОЈУРАН ? Тое е паричка што јас ја измислив денес, а ја именував по едно од старите имиња на градот Дојран. Замислете колку би било интересно кога градот би имал банкноти и монети ДОЈУРАНИ, поделени на жителите и би ги заменувале за вистински пари, а со нив туристите би можеле да се купуваат неколку локални услуги, или производи. Еве на пример, за почеток можат да служат за ваква игра, а ќе бидат и супер спомен-сувенир. Не е важно на кое место летуваш. Смисли паричка за тоа место, направи неколку монети од картонче и играј со нив супер игра:
- Направете торта од кал со калап или кофичка, онака како што прават дечињата.
- Секој од играчите го стиснува ДОЈУРАНОТ во дланка и си смислува желба.
- ДОЈУРАНОТ го оставате најгоре, на средината, врз тортата од кал.
- Сите, еден по еден треба да пресекувате (со трската) парче од тортата, но да внимавате паричката да не падне.
- Ако тортата падне додека пресекуваш, испаѓаш од игра, а останатите повторно прават торта и продложуваат.
- ДОЈУРАНОТ останува како паричка за среќа за оној кој последен ќе испадне од игра.
- ИГРАТА МОЖЕ ДА БИДЕ И ЗА ПАРОВИ. Губи оној кој ќе ја падне паричката или ќе ја распадне тортата заедно со паричката за време на „пресекувањето“ песок од неа. Другиот е победник и паричката е негова.


Comments
Post a Comment