АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ. Eве како:
Потребни материјали: хамер/картон или друга хартија, фломастер за цртање контури, кутија за природен материјал.
1. ПОДГОТОВКА НА ТВОЈОТ СКРИШЕН ПРЕДИЗВИК за другите:
- Собери камчиња, дрвца, деланки од дрва, ливчиња... со различна големина и форма.
- Земи поголем лист хартија или картон. Смисли каква слика можеш да направиш со комбинација на природните материјали.
- Секој поставен природен материјал исцртај го ПО ЛИНИИТЕ како сенка.

- Кога сметаш дека сликата од сенки е подготвена, тргни ги природните материјали од листот и стави ги во кутија.
2. Сега твојот предивик е подготвен за игра:
Повикај другарче, покажи му го цртежот со сенки и кутијата со материјали. Ако и тој подготвил предизвик за тебе, можете да се замените и да си договорите одредени минути за завршување на предизвиците.
Така секој ќе има нова супер задача:
Да го најде местото на сите материјали, според сенките кои се нацртани на листот, да ги стави на соодветно место и така ДА ЈА ОЖИВЕЕ СЛИКАТА.
Comments
Post a Comment