Aјде да правиме КУКЛИ ОД ТРЕВКИ или од ЛИСТОВИ ПЧЕНКА...

Дали знаеш дека во минатото, куклите од листови пченка ги правеле поради разни верувања и им служеле за време на религиозни обреди. Некои народи верувале дека преку овие кукли можат да и се заблагодарат на МАЈКАТА ЗЕМЈА за плодната почва. Други верувале дека со изработка и подарување кукли, подаруваат среќа и плодност. Имало и такви кои куклите ги правеле за да „проколнат“ некого што ги повредил или навредил.

Ајде да се обидеме и ние, за радост, за здравје, за среќа и спомен. Биди креативен на свој начин, а ние ќе бидеме среќни со секоја нова идеја.
ИЛИ... НАПРАВИ ТРЕВКО по наш брз рецепт и без чекање семето да порасне:

Можеби веќе си правел твој ТРЕВКО од хулахопка, земја и семе.
Сега можеш да се обидеш да го направиш малку поинаку и на брз начин:
- Земи стар филџан, шоља или пресечено пластично шише.
- Наполни го со плодна почва.
- Внимателно извади „грутка“ трева од мека влажна површина и внимавај тоа да го направиш многу внимателно, за да ја превземеш заедно со ситните жилички и дел од земјата врз која расте.
- Стави ја тревата над земјата во твојот сад и залеј со вода.
- Украси го твојот ТРЕВКО и полевај го редовно. Во почетокот не го преместувај за може „откорнатиот“ дел трева да се поврзе со твојата земја.
Обиди се, доколку ти се чини интересно.
Comments
Post a Comment