АЈДЕ ДА НАПРАВИМЕ ТЕЛЕФОН ОД ПЛАСТИЧНИ ЧАШИ и жица од ВОЛНИЦА
Кога си на ливада често користиш пластични чаши за една употреба. Се надевам дека потоа уредно ги собираш, ги враќаш дома и ги фрлаш во кантата за пластика, пред зградата. Еве погледни што друго можеш да направиш со нив за време на излетот во природа, затоа што таму во ширина, најдобро ќе можеш да тестираш како функционира.

Обиди се, можеби ќе ти биде интересно. Ќе бидеш изненаден како се пренесува звукот. Само внимавај, конецот треба да биде оптегнат додека со партнерот стоите на далечина еден од друг и се обидувате да зборувате. Исто така, конецот не смеете да го допирате со раце за врската да успее.
Ако си супер љубопитен погледни ја историјата на телефоните, мислам дека ќе ти биде интересно да знаеш на што зборувале во минатото, a потоа погледни ја и историјата на МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ:
Дали ти се допаѓа идејата да направиш телефон од пластични чаши и да го тестираш во природа?

Comments
Post a Comment