Skip to main content

ВОДЕНА ИГРА со лажички и чашички


Тимски до целта

Играта се игра со два тима, наредени во две линии како на сликата. 


Секој тим има:

- по едно шише полно со вода ставено до првиот играч.

- по едно празно шише ставено на крајот на редицата на таа група, кај последниот играч. 

- Секој играч има своја чаша.

Секој тим игра со своите играчи без да се меша со другиот тим. 

НА ЗНАК ЗА СТАРТ:

Првиот играч од секој тим ја полни својата чаша, ја претура кај следниот и така со претурање во сите чаши по ред, водата стигнува до послениот играч. Тој има задача да ја „пречека“ во својата чаша и брзо да ја претури во празното шише низ тесната устинка. Штом завршил, тогаш првиот играч повторно може да започне нов круг и тоа трае додека првото шише не се испразни и водата „премине“ во празното шише.


На крајот прогласуваме победнички тим според тоа кој тим успеал да биде побрз во пренесување на водата од полното во празното шише, но и успеал да пренесе што повеќе вода без да му се истури. 


АКО САКАТЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК, ИГРАЈТЕ ЈА ИГРАТА СО ЛАЖИЦИ (неместо со чаши)

Во тој случај играме малку поинаку:

Еден е судија. Тој во раце го шишето со вода за полнење на лажичките на двата тима. Овој пат двата тима пренесуваат вода ОД ЕДНО ИСТО ШИШЕ, додека тоа се испразни.

- Секој тим игра со една своја лажичка која членовите на тимот  си ја подава од еден на друг за да ја пренесат водата во неа.

- Секој тим има посебен сад за полнење , ставен до последниот играч во редицата.


Победнички тим е оној кој собрал повеќе вода во моментот кога шишето за игра се испразнило.


 А АКО САКАТЕ УУУШТЕ ПОТЕШКО... Тогаш играјте ја играта со лажичките, само тогаш секој играч од тимот треба да игра со своја лажица во која ја пречекува(превзема) водата и од која ќе ја претура понатаму во лажичката на играчот после него. 


Немој да заборавиш да направиш неколку фотографии за спомен.


Comments

Popular posts from this blog

ЗЕМИ СТАПЧИЊА И ВОЛНИЦА И НАПРАВИ КУКЛИ НА УСПЕХОТ

ЗЕМИ СТАПЧИЊА И ВОЛНИЦА И НАПРАВИ КУКЛИ НА УСПЕХОТ.  Ова може да биде супер ПОДАРОК за пријателите кои си ги сакаме. Ваквите кукли потекнуваат од Гватемала и Мексико. Според легендата , Иксмукан, принцезата на Маите,  ја добила првата ваква минијатурна кукла од гранче, како подарок од богот на сонцето. Од тој миг принцезата не се одделувала од кукличката, ја носела секаде со себе . Штом била тажна, или имала некаков проблем, принцезата и раскажувала на куклата, а таа и помагала да реши секаков проблем. Потоа таа почнала да изработува и да подарува вакви кукли на нејзините пријатели. Дечињата дури и ја ставале куклата под перница со надеж дека така проблемот ќе изчезне кога ќе се разбудат. Куклите се доста популарни и денес, бидејќи тие се мали и лесно се носат дури и како прврзок за клуч. Во Гватемала и Мексико  им ги продаваат на туристите како сувенири. НАПРАВИ КУКЛИЧКИ ЗА СРЕЌА, АКО ТИ СЕ ДОАПАЃА ОВАА ИДЕЈА.  - Една задржи за спомен од твојот излет,  а другит...

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ. Eве како: Потребни материјали: хамер/картон или друга хартија, фломастер за цртање контури, кутија за природен материјал. 1. ПОДГОТОВКА НА ТВОЈОТ СКРИШЕН ПРЕДИЗВИК за другите: - Собери камчиња,  дрвца, деланки од дрва, ливчиња... со различна големина и форма. - Земи поголем лист хартија или картон. Смисли каква слика можеш да направиш со комбинација на природните материјали.  - Секој поставен природен материјал исцртај го ПО ЛИНИИТЕ како сенка . - Кога сметаш дека сликата од сенки е подготвена, тргни ги природните материјали од листот и стави ги во кутија.  2. Сега твојот предивик е подготвен за игра: Повикај другарче, покажи му го цртежот со сенки и кутијата со материјали. Ако и тој подготвил предизвик за тебе, можете да се замените и да си договорите одредени минути за завршување на предизвиците. Така секој ќе има нова супер задача: Да го најде местото на сите материјали, според сенките кои се нацртани на листот, да ги стави на со...

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму  Собери мазни камчиња на кои може да се црта и пишува. 1. На секое камче, oд едната страна нацртај знак, а од другата страна на камчето напиши збор поврзан со знакот: Пример: куќа (дом) две деца (другари), дрво (грижа за природата), овошен плод (храна), сонце(прошетка) капка (вода), 4лица(семејство) ѕвонче(училиште)... Продолжи понатаму. Можеш да пишуваш со тенки фломастери. Ако имаш ацентонски тоа ќе биде одлично, но ако работиш со обични, потоа премачкај ги камчињата со безбоен лак за нокти, за сликата да остане трајна. 2. УКРАСИ ТЕГЛА ЗА ЧУВАЊЕ НА КАМЧИЊАТА. Украси ја со пластелин и изненадувањето е подготвено. 3. Потоа извлечи едно камче со мижење и кажи мисла која заполнува со зборовите „СРЕЌА Е...“ А ПОТОА ПРОДОЛЖИ ЈА РЕЧЕНИЦАТА ДА ОДГОВАРА СО ИЗВЛЕЧЕНАТА ТЕМА. Пример, ако извлечеш камче 4лица(семејство), можеш да кажеш „СРЕЌА Е (ДА) (КОГА) ГЛЕДАМ ФИЛМ СО МОЕТО СЕМЕЈСТВО И (да) ЈАДЕМЕ ПУКАНИЧКИ...“  Потоа извлечи го с...