НАЈДИ КАМЕН и ПРЕТВОРИ ГО ВО...
Сигирно и тебе ти се случило некој камен да ти наликува на нешто... на животно, на автомобил, на геометриска форма и слично. Истражувај ги формите на камењата за време на твојата прошетка. Ние веќе го направивме тоа.

Потоа одлучивме кој камен што ќе биде и така сега имаме згради, куќички, автомобили и автобус. Ги набоивме со темперни боички, а потоа со нив си смислувавме нови игри. Еве на пример, еднаш игравме НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ, само наше, малку поинакво. Некои од куќичките пак, немаат никаква посебна улога, освен онаа најубавата- да бидат украс во нашите детски соби.

Обиди се и ти ако ти се чини интересно.
Comments
Post a Comment