Дали сакаш ЛАВИРИНТИ? Aјде да смислиме КАКО МОЖЕМЕ ДА ИГРАМЕ ЛАВИРИНТ ВО ПРИРОДА

Најпрвин погледни како изгледа најголемиот лавиринт во светот, забележан во КНИГАТА НА ГИНИСОВИ РЕКОРДИ, а потоа и видео презентација за 15 уникатни лавиринти направени на различни места во светот:
Дали имаш идеја како можеш да играш лавиринт во природа?
Еве на пример, направи го:
- со комбинација на гранки што ќе ги најдеш расфрлани во природата
- со клопче волница или долго јаже, обликувано во лавиринт на самата трева.
- со забодени стапчиња околу кои ќе развиеш патека со лента или волница.
- Со цртање на песок.
- Со цртање со креда, врз бетон.
.... и повеќе немам идеи, а играва ми се чини интересна за предизвик... Имаш ли ти некоја подобра идеја?
Види што се сетил некој. Многу ми се доапаѓа:
Немој да заборавиш да направиш неколку фотографии за спомен доколку ти успее.
Comments
Post a Comment