ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА И ЛИНИЈАРОТ „ОДИ“ НА ИЗЛЕТ?

Дали знаеш дека најголемите уметници многу сакаат да сликаат и цртаат во природа? А дали си се сетил да земеш линијар, боички, блокче и селотејп кога одиш на излет?
Во природата можеш да најдеш многу суви гранчиња паднати на земјата и со нив да направиш супер ограда за збогатување на твојот цртеж. Значи што треба да правиш?
1. Нацртај слика и набои ја. Избери тема на која ќе и биде потребна и ограда. На пример, нацртај нов дом за омилен лик од книга, или од цртан филм, а можеш да нацрташ и твоја шумска куќичка за излет.
2. Искрши делчиња од сува гранка и со лепење постави вистинка дрвена ограда на твојата слика.
3. Мери го секое делче од оградата со твојот линијар и запишувај си некаде. Потоа собери ги запишаните должини и ќе знаеш колкава е вкупната должина на искористено дрво на твојот цртеж, или едноставно застани тука.

Обиди се и ти, ако ти чини интересно. Ќе имаш супер уметнички спомен за ѕидот на твојата детска соба.
Comments
Post a Comment