ЗЕМИ СТАПЧИЊА И ВОЛНИЦА И НАПРАВИ КУКЛИ НА УСПЕХОТ. Ова може да биде супер ПОДАРОК за пријателите кои си ги сакаме.

Ваквите кукли потекнуваат од Гватемала и Мексико. Според легендата, Иксмукан, принцезата на Маите, ја добила првата ваква минијатурна кукла од гранче, како подарок од богот на сонцето. Од тој миг принцезата не се одделувала од кукличката, ја носела секаде со себе . Штом била тажна, или имала некаков проблем, принцезата и раскажувала на куклата, а таа и помагала да реши секаков проблем. Потоа таа почнала да изработува и да подарува вакви кукли на нејзините пријатели. Дечињата дури и ја ставале куклата под перница со надеж дека така проблемот ќе изчезне кога ќе се разбудат. Куклите се доста популарни и денес, бидејќи тие се мали и лесно се носат дури и како прврзок за клуч. Во Гватемала и Мексико им ги продаваат на туристите како сувенири.

НАПРАВИ КУКЛИЧКИ ЗА СРЕЌА, АКО ТИ СЕ ДОАПАЃА ОВАА ИДЕЈА.
- Една задржи за спомен од твојот излет, а другите подари ги на пријатели кои си ги сакаш.
- Раскажи им ја легендата. Не е важно дали веруваш во такви чуда или не, подарокот и сувенирот се секогаш доволно вредно „чудо“ за сите нас. Штом си вложил труд да направиш нешто за некого, тоа е веќе сигурна среќа и за него и тебе.
- СПАКУВАЈ ги секоја во посебно украсено ВО КУТИВЧЕ ОД КИБРИТЧЕ, или во целофан со ознака и посвета.
Не заборавај да направиш фотографии од твоето дело, доколку се обидеш. Секое споделување е радост и среќа.
Comments
Post a Comment