ЖИВ СПОМЕНАР

1. Земи празна метална кутија од парфем, или празна рамка за слика без стакло, обложена само со картон.
2. Во внатрешноста обложи ја со подебел слој пластелин.
3. Собери неколку видови ситни камчиња, ситни тревки и ситни деланки од дрво.
4. Рамката со пластелин ќе биде твое „сликарско платно''. Во пластелинот ќе можеш да ги забодуваш собраните природни материјали и така да креираш разни слики.

5. Фотографирај го своето уметничко дело за спомен. Штом ти здодее, тргни ги материјалите, измазни ја површината и направи нова креација, за време на некој следен излет.

Comments
Post a Comment