Skip to main content

НАПРАВИ ГНЕЗДО за да знаеш колку голем труд вложуваат птиците додека го градат својот дом

НАПРАВИ ГНЕЗДО за да знаеш колку голем труд вложуваат птиците додека го градат својот дом.

Собери суви тревки, земја, песок... со малку вода во нив направи кал и почни со обликување. Не се плаши од валкање. Играњето со кал е здраво и корисно. 

Замисли, птиците немаат раце за да соберат потребна количина материјали во еден миг, како што тоа можеме да го направиме ние. Тие го имаат само своето клунче и во него ја носат секоја капка вода, секое зрнце песок, секое потребно сламче... Затоа размисли пред да помислиш да уништиш некое гнездо. 

Советувај ги и другите да не го прават тоа, или едноставно предложи им да направат гнездо, за да видат како изгледа тоа, но онака по ред и слично како што тоа го прават птиците:

- за време на собирањето материјали, нека користат само пинцета

- за носење вода можат да користат пипета.

- не смеат да користат садови за собирање потребна количина природни материјали, туку мора многу пати да се враќаат по секоја следна потребна количина, да земаат количина  со пинцетата и да продолжуваат да го градат гнездото.


Обидете се и вие. Ние веќе се обидовме и сега знаеме колку голем труд вложуваат птиците.

Comments

Popular posts from this blog

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму  Собери мазни камчиња на кои може да се црта и пишува. 1. На секое камче, oд едната страна нацртај знак, а од другата страна на камчето напиши збор поврзан со знакот: Пример: куќа (дом) две деца (другари), дрво (грижа за природата), овошен плод (храна), сонце(прошетка) капка (вода), 4лица(семејство) ѕвонче(училиште)... Продолжи понатаму. Можеш да пишуваш со тенки фломастери. Ако имаш ацентонски тоа ќе биде одлично, но ако работиш со обични, потоа премачкај ги камчињата со безбоен лак за нокти, за сликата да остане трајна. 2. УКРАСИ ТЕГЛА ЗА ЧУВАЊЕ НА КАМЧИЊАТА. Украси ја со пластелин и изненадувањето е подготвено. 3. Потоа извлечи едно камче со мижење и кажи мисла која заполнува со зборовите „СРЕЌА Е...“ А ПОТОА ПРОДОЛЖИ ЈА РЕЧЕНИЦАТА ДА ОДГОВАРА СО ИЗВЛЕЧЕНАТА ТЕМА. Пример, ако извлечеш камче 4лица(семејство), можеш да кажеш „СРЕЌА Е (ДА) (КОГА) ГЛЕДАМ ФИЛМ СО МОЕТО СЕМЕЈСТВО И (да) ЈАДЕМЕ ПУКАНИЧКИ...“  Потоа извлечи го с...

Ајде да си играме со МОВ

Ајде да си играме со МОВ Дали знаеш дека мовта е како патоказ?  Им помогнала на многу луѓе кои се изгубиле во природа, а немале компас за да утврдат на која страна треба да се движат. Мов расте на северната страна на стеблата и така знаеме каде е СЕВЕР, а потоа лесно ги утврдуваме другите страни на светот. Сака влага и често се наоѓа околу реките, потоците, но и далеку од нив. Ми изгледа на меко, мазно теписонче.  Ако си внимателен и стрплив можеш да извадиш парченце од ова супер „теписонче“ и да го пресадиш во твоја декорација  каде ќе продолжи да живее со твоја помош.  А уште и ако направиш комбинација со камчиња и други тревки... ќе имаш вакво супер украсче. Па дури и уметничка слика Ние тоа си го правевме во пластични садови, но и тегличките се супер за вакви идеи Немој да заборавиш да направиш неколку фотографии за спомен. - Доколку сакаш да ја запомнеш оваа игра и да се обидеш да ја изиграш, земи една од КОФИЧКИТЕ и повлечи ја врз полето.  - Во спротивно,...

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ. Eве како: Потребни материјали: хамер/картон или друга хартија, фломастер за цртање контури, кутија за природен материјал. 1. ПОДГОТОВКА НА ТВОЈОТ СКРИШЕН ПРЕДИЗВИК за другите: - Собери камчиња,  дрвца, деланки од дрва, ливчиња... со различна големина и форма. - Земи поголем лист хартија или картон. Смисли каква слика можеш да направиш со комбинација на природните материјали.  - Секој поставен природен материјал исцртај го ПО ЛИНИИТЕ како сенка . - Кога сметаш дека сликата од сенки е подготвена, тргни ги природните материјали од листот и стави ги во кутија.  2. Сега твојот предивик е подготвен за игра: Повикај другарче, покажи му го цртежот со сенки и кутијата со материјали. Ако и тој подготвил предизвик за тебе, можете да се замените и да си договорите одредени минути за завршување на предизвиците. Така секој ќе има нова супер задача: Да го најде местото на сите материјали, според сенките кои се нацртани на листот, да ги стави на со...