ВОДЕНИ ЗБОРОВИ

1. На розевата подлога (роденска мушама за покривање маса) напишавме зборови со ацентонски фломастер (за да не се бришат од водата)
2. Поставивме патека од столчиња и сад со водени сунѓерчиња од другата страна.
3. Играчот имаше задача:
- да фрли две сунѓерчиња, едно по друго,
- да премине преку патеката за да стигне со фрлените сунѓери
- да ги прочита гласно двата зборови врз кои паднале сунѓерчињата.
- да каже интересна реченица која ќе ги содржи двата збора.
За да биде поинтересно потоа сите ние се обидувавме да ја збогатиме реченицата со нови зборови, да стане што е можно подолга.
Потоа фрлаше друго дете и така по ред...
Оваа игра е гаранција за смеа и радост. Обидете се и вие. Во зависност од возраста, игарата може да се игра и само со букви, именување букви, именување зборови на таа буква и зборови кои ја содржат буквата во себе.

Comments
Post a Comment