ДЕТЕКТИВ ЗА ЛИНИИ

Лупата е мој омилен предмет и дел од мојот истражувачки куфер. Со неа можам да истражувам интересни нешта кои моето око тешко ги забележува. Дали си истражувал со лупа? Еве можеш да си играш детектив за линии.
- Земи си и тетратка и молив за да можеш да ги црташ и запишуваш твоите откритија.

Интересни ми се линиите на кората од дрвото, оние на лисјата, на куќарката на полжавот, годовите на пресечено дрво... Сите по ред. Шетам низ ливадата, низ шумата, од место на место, ги набљудувам и ги цртам во тетратката.

Гледам дебели, тенки, прави, криви... сите интересни на свој начин. Запишувам и која каде сум ја забележала.

Обиди се и ти да направиш свој лексикон на истражувањето. Мислам деќа ќе ти биде интересно за време на некој твој излет. Целта ливада или шума може да биде истражувачко катче на супер нов детектив.
Comments
Post a Comment