ШТИПНИ СО ПРСТ (Играј сам или со друштво)

Стави подлога од некакво платно или картон (ние искористивме платно од стар чадор)
Врз него стави 10 пластични затварачи за шишиња и играта може да почне.
Провери за колку време ќе успееш да ги префрлиш затварачите од платното врз земјата, или во сад во близина. Не смееш да користиш раце за поместување на затварачите. Ги штипнуваш со прстите на ногата, една по една, ги префрлаш на договореното место и стануваш супер мајстор.
Натпреварувај се со партнер или друг тим, доколку играта ја играш во супер друшвтво. Креирај нови правила по твоја желба.
Немој да заборавиш да направиш неколку фотографии за спомен.
Comments
Post a Comment