ИГРАМЕ СО СТАПЧИЊА:

- Собери 15-20 прави, суви стапчиња ( ќе ги најдеш расфрлани низ ливадата! Сигурно веќе знаеш дека не смееме да кршиме гранки од дрвјата )

- Должина на стапчињата? Одлучи сам, Важно е сите да бидат еднакви.
- Не ги врзувај, само држи ги заедно, како снопче.

Понатаму ќе играме по правилата на играта што ја играме СО ЧКОРЧИЊА и ќе биде супер забавно. Еве како ја игравме таа наша омилена игра од детството. Прочитај за да знаеш кои правила за игра важат и за оваа наша нова игра во природа:
1. Едниот играч ќе ги извадеше чкорчињата од кибритот и ќе ги стегнеше во дланката за да формира снопче. (земи ги гранчињата, држи ги со рацете за да формираш снопче... Не го врзувај снопчето, само држи го...)

2. Потоа полека ги испушташе чкорчињата врз подлогата, во една иста точка, сите заедно, а тие паѓаа едни врз други како во КУПЧЕ... Така велевме дека сме подготвени за игра. (Направи го истото со твоите стапчиња)

3. Сега другиот играч имаше задача ДА ИЗВЛЕЧЕ ЧКОРЧЕ без да се распадне купчето и без да се помести/падне било кое друго чкорче од купчето. Ако успее, тогаш извлекува уште едно... Ако не, тогаш извлекува другиот играч. ( Обиди се да извлечеш гранка од купчето, на сличен начин)

Победник е оној кој извлекол повеќе чкорчиња/гранчиња
Ти ветуваме супер забава.
А АКО ТИ ОСТАВИ ВПЕЧАТОК ИГРАТА СО ЧКОРЧИЊА, можеби ќе те интересира и овој предизвик на следниот линк. Погледни и процени:
https://365.com.mk/165450/logichki-zadachi-chkorchina
Тогаш не мора ништо да правиш, ќе одлучиш подоцна.
Comments
Post a Comment