Skip to main content

СУПЕР РИМСКА АВАНТУРА- Римски броеви за супер игра

СУПЕР РИМСКА АВАНТУРА

1. Собери камчиња во кутивче или украсна мала кесичка. Камчињата треба да бидат мали,  но доволно големи за да на секое запишеш различен број со фломастер. Броевите запиши ги со арапски цифри (1, 2, 3...)

2. Потоа извлекувај камче, како да извлекуваш БИНГО.

3. Имаш 30 секунди за да  го обликуваш извлечениот број во соодветен РИМСКИ БРОЈ:

  • Можеш да го формираш  со неколку  собрани суви, прави гранки најдени низ ливада, дури и ако се подолги ќе биде интересно. Важно е да бидат иста должина.
  • Можеш да го обликуваш со малечки дрвца, кои понатаму можеш лесно да ги носиш со себе и на следнииот излет.
  • Можеш да го креираш со тревките околу тебе.
  •  А можеш едноставно со стапче да го нацрташ во песокот. 

ПОТОА ИЗВЛЕКУВАШ НОВ

 

Играј со партнер и проверете кој ќе биде побрз при секој нов извлечен број. Нови правила креирај по своја желба. Што и да смислиш верувам дека ќе биде забавно.


Ние  правевме и часовници со римски броеви, а потоа продолживме  да играме местење на точно време.  Тоа беше луда трка. Обиди се и ти.

Еве малку помош за крај

Арапски бројРимски број
1I
2II
3III
4IV
5V
8VIII
9IX
10X
20XX
22XXII
40XL
50L
79LXXIX
90XC
100C
149CXLIX
399CCCXCIX
400CD
500D
900CM
1000M

Comments

Popular posts from this blog

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму  Собери мазни камчиња на кои може да се црта и пишува. 1. На секое камче, oд едната страна нацртај знак, а од другата страна на камчето напиши збор поврзан со знакот: Пример: куќа (дом) две деца (другари), дрво (грижа за природата), овошен плод (храна), сонце(прошетка) капка (вода), 4лица(семејство) ѕвонче(училиште)... Продолжи понатаму. Можеш да пишуваш со тенки фломастери. Ако имаш ацентонски тоа ќе биде одлично, но ако работиш со обични, потоа премачкај ги камчињата со безбоен лак за нокти, за сликата да остане трајна. 2. УКРАСИ ТЕГЛА ЗА ЧУВАЊЕ НА КАМЧИЊАТА. Украси ја со пластелин и изненадувањето е подготвено. 3. Потоа извлечи едно камче со мижење и кажи мисла која заполнува со зборовите „СРЕЌА Е...“ А ПОТОА ПРОДОЛЖИ ЈА РЕЧЕНИЦАТА ДА ОДГОВАРА СО ИЗВЛЕЧЕНАТА ТЕМА. Пример, ако извлечеш камче 4лица(семејство), можеш да кажеш „СРЕЌА Е (ДА) (КОГА) ГЛЕДАМ ФИЛМ СО МОЕТО СЕМЕЈСТВО И (да) ЈАДЕМЕ ПУКАНИЧКИ...“  Потоа извлечи го с...

Ајде да си играме со МОВ

Ајде да си играме со МОВ Дали знаеш дека мовта е како патоказ?  Им помогнала на многу луѓе кои се изгубиле во природа, а немале компас за да утврдат на која страна треба да се движат. Мов расте на северната страна на стеблата и така знаеме каде е СЕВЕР, а потоа лесно ги утврдуваме другите страни на светот. Сака влага и често се наоѓа околу реките, потоците, но и далеку од нив. Ми изгледа на меко, мазно теписонче.  Ако си внимателен и стрплив можеш да извадиш парченце од ова супер „теписонче“ и да го пресадиш во твоја декорација  каде ќе продолжи да живее со твоја помош.  А уште и ако направиш комбинација со камчиња и други тревки... ќе имаш вакво супер украсче. Па дури и уметничка слика Ние тоа си го правевме во пластични садови, но и тегличките се супер за вакви идеи Немој да заборавиш да направиш неколку фотографии за спомен. - Доколку сакаш да ја запомнеш оваа игра и да се обидеш да ја изиграш, земи една од КОФИЧКИТЕ и повлечи ја врз полето.  - Во спротивно,...

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ. Eве како: Потребни материјали: хамер/картон или друга хартија, фломастер за цртање контури, кутија за природен материјал. 1. ПОДГОТОВКА НА ТВОЈОТ СКРИШЕН ПРЕДИЗВИК за другите: - Собери камчиња,  дрвца, деланки од дрва, ливчиња... со различна големина и форма. - Земи поголем лист хартија или картон. Смисли каква слика можеш да направиш со комбинација на природните материјали.  - Секој поставен природен материјал исцртај го ПО ЛИНИИТЕ како сенка . - Кога сметаш дека сликата од сенки е подготвена, тргни ги природните материјали од листот и стави ги во кутија.  2. Сега твојот предивик е подготвен за игра: Повикај другарче, покажи му го цртежот со сенки и кутијата со материјали. Ако и тој подготвил предизвик за тебе, можете да се замените и да си договорите одредени минути за завршување на предизвиците. Така секој ќе има нова супер задача: Да го најде местото на сите материјали, според сенките кои се нацртани на листот, да ги стави на со...