ВОДЕНА ПЛЕТКАНИЦА (игра за најмалку 2 играчи, но и за големи групи поделени во два тима)
1. Едниот играч стои со празна тегла во рацете. Тој не смее да се помрднува од местото. Неговата задача ќе биде да го ВОДИ другиот играч низ играта преку усни насоки.
2. Другиот играч стои пред него, свртен кон него, на растојание од 6-10 чекори, со замижани очи.
До него е сад со вода и сунѓерче. Тој има задача да оди и да се враќа до партнерот што стои и со помош на сунѓерчето да ја наполни теглата со вода, но за цело време очите треба да му бидат врзани. Се движи според насоките на партнерот со тегла во рацете.
Играта може да се игра и во тимови, со цел да се види кој тим ќе биде побрз.
Слободно креирај свои правила за игра. Што и да одлучиш сигурно ќе биде интересно.
Тогаш не мора ништо да правиш, ќе одлучиш подоцна.
Comments
Post a Comment