СОСТАВУВАЈ ЈА ПАТЕКИ ОД ЛИНИИ нацртани на камчиња
Со оваа играчка нема правила, ниту почеток, ниту крај на играта. Собери мазни камчиња и направи интересна играчка за занимација и концентарција.
Направи и еден сет камчиња за пријател што си го сакаш. Ќе му биде мило штом прими ваков супер подарок, направен од срце.
Секој камен има своја патека, заедно поврзани прават интересен ланец. Некои камчиња имаат две, или три патеки за излез и порзување со друга патека на друг камен, а некои само една.

Составувај ги на различен начин и погледни колку различни патеки можеш да направиш со комбинација на истите камчиња. Што и да правиш, линиите треба да се надоврзуваат, независно од бои или групирано по бои.

Јас ги цртав со лакови за нокти. Ти можеш исто како мене, а можеш и со фломастери, само потоа премачкај ги со безбоен лак за да не им се размачкува бојата и да ти останат трајни.
Смисли каде ќе ги чуваш. Можеби во некоја торбичка, или кутивче.

Comments
Post a Comment