Skip to main content

ЦРТАЈ СО ПРИРОДНИ БОИЧКИ

ПРИРОДНИ БОИЧКИ

Кога бев дете, со зелени сочни тревки цртавме на асфалтот пред зградата, а потоа и на бели листови хартија. Цртавме и со  јагленчиња, со црвени камчиња, со делчиња од скршени ќерамиди и парченца бела креда од останат градежен материјал. Многу ми беше интересно да ја истражувам околината за да најдам нови природни боички. 

Дали знаеш дека во минатото користеле пигменти од природата за бојадисување на куќи и ѕидови, за сликање на нив, за уметнички слики?... Во почетокот немало каде да се купат бои, не се произведувале.

Бојата ја добивале од листови, тревки, од цветови, разни видови почва, руда, камења... 

Со дробење глина и нејзино мешање со вода добивале црвени нијанси. 

Првата бела боја за сликање замислете била многу отровна. 

На Клеаоптра, најомилена боја и била модро розевата. Ја добивале од ретки школки и била многу скапоцена.

Најскапа и најретка боја била сината. Ја добивале од редок камен кој постоел само на неколку места во светот.


Ајде да експериментираме на оваа тема.

 Собери разни ливчиња, тревки и цветови за време на прошетката во пророда. 

Обиди се да нацрташ нешто на лист хартија, или на асфалтот. Користи метална лажичка за стискање на тревките. Ќе забележиш дека сокот од тревките обојува. 

Земи изладени јагленчиња од скарата и цртај со јагленосаните дрвца. 

Штом ќе најдеш глина во природата, обиди се да боиш со неа. Стави малку вода за да се раствори и да се претвори во водена боичка.

Мислам дека ќе ти биде забавно.




Comments

Popular posts from this blog

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму

ТЕГЛИЧКА НА СРЕЌАТА... подарок кој патува понатаму  Собери мазни камчиња на кои може да се црта и пишува. 1. На секое камче, oд едната страна нацртај знак, а од другата страна на камчето напиши збор поврзан со знакот: Пример: куќа (дом) две деца (другари), дрво (грижа за природата), овошен плод (храна), сонце(прошетка) капка (вода), 4лица(семејство) ѕвонче(училиште)... Продолжи понатаму. Можеш да пишуваш со тенки фломастери. Ако имаш ацентонски тоа ќе биде одлично, но ако работиш со обични, потоа премачкај ги камчињата со безбоен лак за нокти, за сликата да остане трајна. 2. УКРАСИ ТЕГЛА ЗА ЧУВАЊЕ НА КАМЧИЊАТА. Украси ја со пластелин и изненадувањето е подготвено. 3. Потоа извлечи едно камче со мижење и кажи мисла која заполнува со зборовите „СРЕЌА Е...“ А ПОТОА ПРОДОЛЖИ ЈА РЕЧЕНИЦАТА ДА ОДГОВАРА СО ИЗВЛЕЧЕНАТА ТЕМА. Пример, ако извлечеш камче 4лица(семејство), можеш да кажеш „СРЕЌА Е (ДА) (КОГА) ГЛЕДАМ ФИЛМ СО МОЕТО СЕМЕЈСТВО И (да) ЈАДЕМЕ ПУКАНИЧКИ...“  Потоа извлечи го с...

Ајде да си играме со МОВ

Ајде да си играме со МОВ Дали знаеш дека мовта е како патоказ?  Им помогнала на многу луѓе кои се изгубиле во природа, а немале компас за да утврдат на која страна треба да се движат. Мов расте на северната страна на стеблата и така знаеме каде е СЕВЕР, а потоа лесно ги утврдуваме другите страни на светот. Сака влага и често се наоѓа околу реките, потоците, но и далеку од нив. Ми изгледа на меко, мазно теписонче.  Ако си внимателен и стрплив можеш да извадиш парченце од ова супер „теписонче“ и да го пресадиш во твоја декорација  каде ќе продолжи да живее со твоја помош.  А уште и ако направиш комбинација со камчиња и други тревки... ќе имаш вакво супер украсче. Па дури и уметничка слика Ние тоа си го правевме во пластични садови, но и тегличките се супер за вакви идеи Немој да заборавиш да направиш неколку фотографии за спомен. - Доколку сакаш да ја запомнеш оваа игра и да се обидеш да ја изиграш, земи една од КОФИЧКИТЕ и повлечи ја врз полето.  - Во спротивно,...

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ

АЈДЕ ДА „ОЖИВУВАМЕ“ СЛИКА ОД СЕНКИ. Eве како: Потребни материјали: хамер/картон или друга хартија, фломастер за цртање контури, кутија за природен материјал. 1. ПОДГОТОВКА НА ТВОЈОТ СКРИШЕН ПРЕДИЗВИК за другите: - Собери камчиња,  дрвца, деланки од дрва, ливчиња... со различна големина и форма. - Земи поголем лист хартија или картон. Смисли каква слика можеш да направиш со комбинација на природните материјали.  - Секој поставен природен материјал исцртај го ПО ЛИНИИТЕ како сенка . - Кога сметаш дека сликата од сенки е подготвена, тргни ги природните материјали од листот и стави ги во кутија.  2. Сега твојот предивик е подготвен за игра: Повикај другарче, покажи му го цртежот со сенки и кутијата со материјали. Ако и тој подготвил предизвик за тебе, можете да се замените и да си договорите одредени минути за завршување на предизвиците. Така секој ќе има нова супер задача: Да го најде местото на сите материјали, според сенките кои се нацртани на листот, да ги стави на со...