ИКС-НУЛА за супер излетничка авантура

Ајде да играме (Ихк- нула)ТРИЦА во природа. Погледнете ја и подлогата од син најлон (сина вреќа за губре) обележана со црвен селотејп во боја и плочки за игра од пластични затварачи од тегли, на сликата горе. Едноставна за изработка, се пакува во мала кесичка, а нас ни трае веќе неколку години.
И оваа идеја со чинии е лесна и применлива за супер забава со нашата омилена игра.

Ми се доапаѓа и ова решение. Ако си направиш камчиња означени со ИХС и НУла, после е сеедно каде ќе ја нацрташ мрежата за игра, штом ги имаш нив со себе.

Вакви камчиња можеш лесно да направиш, еве на пример, риби. Само смисли која боја риби ќе бидат за ИКС, а кои за НУЛА. Ти требаат две бои. Нацртај ги со фломастер, обои ги, а потоа премачкај ги со проѕирен лак за нокти, за да бидат трајни.
Comments
Post a Comment